Muhammet Kurşun
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џевад Зариф, истакна дека политичкото решение е единственото решение за кризата во Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Иран, Зариф, во рамки на посетата на главниот град на Оман, Мускат, се сретна со главниот преговарач на Хусите, Мухамед Абдуселам.
Зариф на средбата нагласи дека политичкото решение е единственото решение за кризата во Јемен, и дека го поддржуваат примирјето како резултат на меѓусебните преговори на Јеменците.
Од друга страна, Aбдуселам го информира Зариф во врска со последните случувања во Јемен.
Инаку, во Јемен, каде што се случуваат судири помеѓу владините сили и Хусите, поддржани од Иран, веќе подолго време владее политичка нестабилност.
Во судирите кои се случија во последните речиси шест години во земјата загинаа илјадници луѓе.