Erbil Başay
16 Февруари 2019•Ажурирај: 18 Февруари 2019
БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, изјави дека интересите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) не се совпаѓаат секогаш со интересите на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Мас даде интервју за германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ („Frankfurter Rundschau“), во кое говореше за односите на ЕУ и САД.
Тој истакна дека Американците сакаат да ја освојат Европа заради своите интереси.
„Меѓутоа, интересите на државите членки на ЕУ не се секогаш идентични со интересите на САД. Поради тоа Европа мора да ги застапува своите интереси што е можно повеќе“, смета Мас.
На прашањето дали Европејците се способни да го сторат тоа, Мас одговори потврдно.
„Да, Европејците реагираа на противмерките на додатните тарифи за алуминиум и челик кои ги наметнаа САД. Исто така, сите се за зачувување на Договорот со Иран. Секако, често е тешко за 28 земји да зборуваат со еден глас. Но овој пример покажува дека Европејците разбираат дека тоа е единствениот начин на кој може да се слушне нашиот глас“, порача шефот на германската дипломатија.
Тој додаде дек Европа и Америка мораат отворено да веруваат во трансатлантските односи, и порача дека светот без правила би станал еден лош свет.