Hasan Esen
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел, истакна дека минатата година европските сојузници и Канада придонесоа за зголемување на издвојувањата за одбраната за околу 10 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мораме да продолжиме со ова темпо. Една од опциите за која стана збор е да се подготват национални планови за исполнување на нашите обврски кон НАТО“, рече Столтенберг.
На денешниот состанок беше разговарано и за дневниот ред на Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 25 мај.
„Пред сè, ние ќе зборуваме за тоа како можеме да ги продлабочиме трансатлантските односи по пат на праведна распределба на товарот“, рече Столтенберг додавајќи дека на споменатиот самит ќе се разговара и за улогата на НАТО во борбата против тероризмот.
„Во нападот што се случи минатата недела во Лондон беа убиени или повредени луѓе од 11 различни земји. Ова е само еден од нападите што им се служија на нашите сојузници во последниве месеци. Овој напад, кој е изведен против сите нас, нè потсети дека мора да преземеме посилни напори“, рече Столтенберг.
Тој додаде дека НАТО им помага на околните земји да ја зачуваат стабилноста.
„Разговаравме и за ситуацијата во Западен Балкан. Сложни сме дека во тој регион, кој има клучно значење за безбедноста на Европа, треба да го задржиме нашето присуство, да се фокусираме на тоа подрачје и да продолжиме со досегашните иницијативи", рече Столтенберг.
Тој истакна дека денес било разговарано и за Турција и Русија, додавајќи дека Турција има право на одбрана, како и право за судење на оние што стојат зад обидот за државен удар во таа земја, но во согласност со законските норми.
- САД ги предупреди членките на НАТО да го зголемат издвојувањето за одбраната -
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денес на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел ги предупреди членките на НАТО да ги зголемат издвојувањата за одбраната или во рок од два месеца да подготват план за да ги исполнат буџетските обврски во Алијансата.