Ikrame Imane Kouachi
13 Декември 2024•Ажурирај: 16 Декември 2024
АМАН (АА) - Во пожарот во приватен центар за нега на стари лица во Аман денес животите ги загубија шест жители, а повредени се 60, според јорданската официјална новинска агенција Петра, јавува Анадолу.
Пожарот избувнал на првиот кат во центарот за нега за стари лица, во кој биле сместени 111 лица, соопшти агенцијата.
Пет лица се здобиле со тешки повреди, а 55 се лесно повредени, додава новинската агенција.
Агенцијата го цитираше министерката за социјален развој, Бани Мустафа, која потврди дека сите евакуирани лица се безбедни.
Таа, исто така, рече дека во тек е истрага за да се утврдат причините за пожарот.