Шведска ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата од почетокот на 2026 година
„Учениците треба да научат да уживаат во поминувањето време со своите пријатели или играњето фудбал за време на одморите наместо да губат време на ТикТок“

СТОКХОЛМ (АА) - Шведската Влада одлучи да ги забрани паметните телефони во основните и средните училишта почнувајќи од 2026 година, пренесува Анадолу.
Шведската министерка за образование Симона Мохамсон за шведското државно радио СР изјави дека ќе се донесе одлука за забрана на употреба на паметни телефони во основните, средните и вишите средни училишта низ целата земја почнувајќи од 2026 година.
Мохамсон рече дека одлуката ќе стапи на сила во 2026 година и дека забраната ќе важи и за време на одморите.
Истакнувајќи дека Владата издвоила 10 милиони долари за имплементација на одлуката, Мохамсон рече: „Учениците треба да научат да уживаат во поминувањето време со своите пријатели или играњето фудбал за време на одморите наместо да губат време на ТикТок.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.