?kipa
11 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку 27 лица се повредени при судир на локомотива и патнички воз на железничката станица во Андермат, во централниот дел на Швајцарија, соопштија локалните власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
На местотo на несреќата пристигнаа голем број медицински екипи за да им пружат помош на повредените, а властите покренаа истрага за причините на несреќата.
До несреќата дошло кога локомотива, која требало да се придвижи кон предната страна на возот на паралелните шини, удрила во задниот дел на воз во којшто имало околу 100 патници.
Портпаролката на кантонската полиција соопшти дека властите сѐ уште немаат информации во врска со состојбата на повредените, ниту пак за причинетата материјална штета.
Андермат е град во алскпото подрачје на Швајцарија, и се наоѓа во кантонот Ури.