Yasemin Kalyoncuoğlu
22 Ноември 2022•Ажурирај: 23 Ноември 2022
ШАРМ ЕЛ-ШЕИК (АА) - ЈАСЕМИН КАЛЈОНЏУОГЛУ -
Полуподморниците во Шарм ел-Шеик, египетски туристички град кој е познат по илјадниците видови риби и корални гребени, им нудат алтернативна опција на оние кои не сакаат да нуркаат, пишува Агенција Анадолија (АА).
Шарм ел-Шеик, што во превод значи „брадата на шеикот“, се наоѓа во јужниот дел на Синајската Пустина и заливот Акаба.
Освен тоа што е историско место, Шарм ел-Шеик е и туристички центар на Египет.
Градот се наоѓа меѓу приоритетните места на љубителите на нуркањето во Блискиот Исток и Африка, додека полуподморниците се алтернатива за оние кои не го сакаат нуркањето.
Љубителите на природата патуваат со полуподморница на местата каде ловењето е забрането и уживаат во подморскиот свет 45 минути.
Преку стаклото на полуподморницата може да се гледаат и морските суштества и богатиот растителен свет.