Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
13 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес се состана со министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во турската престолнина Анкара, министрите за надворешни работи се осврнаа на неодамнешните случувања во Либија и Источниот Медитеран и на островот Кипар, како и на односите меѓу Турција и ЕУ“, напиша Чавушоглу на социјалните мрежи.
Малта е членка на Блокот од 2004 година, а Турција ги започна своите разговори за пристапување во ЕУ во 2005 година.
Чавушоглу и Бартоло исто така се осврнаа на турските инвестиции во Малта и на свикувањето деловен совет, можностите за соработка, вклучително и здравството.
„Со нетрпение чекам да го видам Бартоло на Форумот за дипломатија во Анталија, закажан за 18-20 јуни во славниот турски туристички град“, додаде Чавушоглу.