Gözde Bayar
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
БРАТИСЛАВА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека кипарските Турци бараат правично споделување на ресурсите во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Она што кипарските Турци го бараат е многу фер. Правично споделување на ресурсите. Тие дадоа предлози во 2011, 2012 и во 2019 година“, рече Мевлут Чавушоглу за време на Глобалниот форум за безбедност во Братислава, Словачка.
„Ги повикувавме сите да прифатат правично споделување и разграничување. Но, за жал, бевме постојано одбивани“, додаде тој.
„Грција има максималистички претензии“, изјави Чавушоглу, осврнувајќи се на Мапата од Севиља, со која малите грчки острови во близина на турскиот брег се гледаат како да имаат големи континентални гребени, наводно надминувајќи го гребенот на големото турско копно.
Грција и администрацијата на кипарските Грци на Јужен Кипар - заедно со некои извори блиски до ЕУ - ја користеа контроверзната мапа како алатка за изолација на Турција со тоа што не ѝ дадоа поморска територија надвор од Анталискиот Залив, јужна Турција.
- Турција мора да ги заштити правата на кипарските Турци -
„Вршевме активности за истражување на ресурси во областите што ги регистриравме во ОН во 2004 година и дадовме лиценци за 2009 и 2011 година“, нагласи Чавушоглу.
Нагласувајќи дека Турција им дала уште една шанса на дипломатијата и дијалогот со Грција, тој рече дека кршењето на континенталниот гребен на Турција „не покажува добра волја“.
Во врска со турскиет трупи стационирани во Турската Република Северен Кипар, Чавушоглу рече дека за ова прашање е преговарано во рамките на Планот на Анан во 2004 година, а исто така и во рамките на преговорите за Кипар во Кран-Монтана во 2017 година.
Велејќи дека кипарските Турци со поддршка на Турција го поддржале Планот на Анан за референдумот, тој праша зошто грчката страна го отфрлила.
„Затоа што не сакате да споделувате ништо со кипарските Турци“, нагласи тој.
„Никос Анастасијадес, претседателот на Јужен Грчки Кипар, рече дека кипарските Грци дури не сакаат да делат болници со Турците“, додаде Чавушоглу.
„Турција е една од земјите гаранти за Кипар. Турција е должна да ги штити правата на кипарските Турци“, нагласи тој.
Во 2004 година, Планот на тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, за решение на спорот, беше прифатен од страна на кипарските Турци, но кипарските Грци на референдумот го отфрлија.
Конференцијата во Кран-Монтана во Швајцарија во 2017 година, одржана со учество на земјите гаранти - Турција, Грција и Велика Британија - заврши безуспешно.
Тензиите во врска со прашањето за истражување на енергетските ресурси во Источниот Медитеран неодамна ескалираа.
Грција со поддршка на Франција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз основа на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.
Со цел да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.