Ayhan Şimşek
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи ги критикуваше западните земји поради тоа што не покажаа солидарност во врска со неуспешниот обид за државен удар, но ја потврди волјата на Анкара за нормализирање на односите со европските главни градови како еднакви партнери, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На Турција ѝ е потребна Европската Унија (ЕУ), и на Европската Унија ѝ е потребна Турција. Ние сме свесни за тоа, но некои европски земји, за жал, не ги гледаат тие факти“, изјави Чавушоглу во ексклузивното интервју за медиумската куќа DW (Дојче веле).
Тој критикуваше неколку земји членки на ЕУ без да ги именува, поради создавање политички пречки кои го блокирале процесот за членство на Турција во ЕУ, и покрај големите реформски напори на Анкара.
„Само неколку земји во Европската Унија се всушност против членството на Турција во ЕУ. Голем дел од земјите членки се всушност за нејзино членство“, нагласи тој.
Односите меѓу Турција и нејзините европски партнери беа затегнати по неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година, додека турските политичари во голема мера ги критикуваа Европејците поради тоа што не покажаа солидарност со турската Влада против неуспешниот воен пуч.
Чавушоглу изјави дека бил фрустриран од однесувањето на некои негови колеги од Западот во текот на ноќта на неуспешниот обид за државен удар.
„Многумина министри таа вечер ме прашуваа, во 3:00 наутро, како Турција ќе ги третира овие конспиратори. Наместо да ме прашаат како јас го поднесувам тоа лично и каква беше ситуацијата во Турција“, рече тој.
Запрашан за кои земји верува дека го поддржале обидот за државен удар и жалат поради тоа што не успеал, Чавушоглу одговори: „За жал голем број од нив... многу европски земји.. Речиси сите“.
„Зошто никој не дојде да нè посети по неуспешниот обид за државен удар?“, запраша тој.
Турскиот министер за надворешни работи критикуваше и одредени европски земји кои им дале азил на пучистите што ја науштија Турција по обидот за пуч.