Emel Öz Gözellik
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Во Мексико, под обвинение за вмешаност во убиството на еден член од градското собрание, приведени се сите припадници на полициската единица на градот Oкампо, во државата Мичоакан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во четвртокот беше убиен 64-годишниот Фернандо Ангелес Хуарес, кандидат за градоначалник, а веднаш потоа обвинителите ги обвинија полицајците за поврзаност со организирани криминални групи.
Федералната полиција уапси 27 полицајци од единицата во Oкампо и секретарот за јавна безбедност, Оскар Гонзалес Гарсија, под обвинение за вмешаност во убиството на Хуарес, јавува BBC (Би-би-си).
Хуарес е трет политичар убиен во текот на една недела во Мичоакан.
Извештајот за политичко насилство во Мексико објавено оваа година покажува дека од септември, кога почнаа подготовките за изборите, 177 политичари биле мета на напад.
Мексиканците на изборите на 1 јули ќе бираат членови за повеќе од 3.400 позиции, вклучувајќи ја и позицијата претседател на државата, пратеници, сенатори и гувернери на сојузните држави.