Omar Alothmani, Halime Afra Aksoy
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
РИЈАД (АА) - Просаудиската коалиција соопшти дека најмалку осум лица се ранети во напад со беспилотно летало врз јеменските бунтовници Хуси на Меѓународниот аеродром „Абха“ во јужниот дел на Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на коалициските сили, кои ја поддржуваат Владата во Јемен со интервенции, се наведува дека Хусите во изминатите два дена извршиле два напади со дронови со експлозив на аеродромот „Абха“.
Одбранбениот систем на Армијата на Саудиска Арабија пресретна и два дрона, но при уништувањето на едниот од нив, осум лица се ранети, а причинета е штета на еден патнички авион.
Од просаудиската коалиција истакнаа дека нападите на аеродромот претставуваат воено злосторство.
Јемен е средиште на судири од 2014 година, кога Хусите, поддржани од Иран, зазедоа поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше следната година кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања за враќање на освоените подрачја од Хусите, поддржувајќи ја просаудиската Влада на земјата.
Обединетите нации предупредуваат дека во Јемен се случува една од најголемите хуманитарни кризи во светот со милиони луѓе чии животи се загрозени поради глад и недостаток на основни услови за живот.