Halime Afra Aksoy
25 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
САНА
Хусите во Јемен, поддржани од Иран, соопштија дека со беспилотно летало (ИХА) ја погодиле воздушната база „Крал Халид“ во јужна Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Воениот портпарол на Хусите, Јахја Сери, во изјавата на Твитер напиша дека изутрината извршиле напад врз воздушната база „Крал Халид“ во регионот Хамис Мушајт во Саудиска Арабија.
„Целта е погодена прецизно и нападот е извршен со беспилотно летало од типот „Касиф-2““, нагласи Сери.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, кои ја поддржуваат Владата во Јемен, исто така, соопштија дека во текот на денот било соборено беспилотното летало натоварено со експлозив испратен од Хусите кон југоистокот на Саудиска Арабија.
Коалицијата соопшти дека Хусите извршиле четири напади во последните два дена.
- Граѓанската војна во Јемен
Во Јемен, каде што подолго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран имаат контрола врз главниот град Сана и некои региони од септември 2014 година.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ја поддржуваат легитимната Влада на Јемен и се против Хусите од март 2015 година.
Хусите често реализираат напади врз јужните региони на Саудиска Арабија.