Lale Köklü
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ХАТАЈ (АА) - Конвој со хуманитарна помош на ОН од 11 камиони, наменет за градот Идлиб и околината, влезе на територијата на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвој од 11 камиони мина низ граничниот премин Чилвеѓозу, во местото Рејханли, во близина на градот Хатај. Камионите преминаа на сириска територија во придружба на жандармеријата и возила на официјални лица на ОН.
Хуманитарната помош на ОН во наредните денови ќе биде поделена на населението во Идлиб и неговата околина.