Oktaj Omeragikj
24 Септември 2025•Ажурирај: 26 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Хонг Конг и Макао издадоа аларм за тропскиот супертајфунот Рагаса кој се приближува кон регионот, известува Анадолу.
Повеќе од 700 летови беа откажани и во Хонг Конг.
Опсерваторијата во Хонг Конг соопшти дека центарот на бурата е оддалечен околу 420 километри, што ги натера официјалните лица да го зголемат нивото на предупредување од 3 на 8. Властите ги повикаа жителите во оддалечените области и островите веднаш да се вратат дома.
Наставата во сите преучилишни, основни и средни училишта беа прекинати денес и ќе останат затворени во четврток.