Rabia İclal Turan
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА
Околу 54 нови пациенти починаа од Ковид-19 во Холандија, при што вкупниот број на починати изнесува 5.510, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на заразени лица од Ковид-19 во Холандија изнесува 42.984, откако во изминатите 24 часа 196 нови лица биле позитивни на тестот на Ковид-19, соопшти Националниот институт за јавно здравје и животна среда.
Вкупно 11.378 Холанѓани кои се позитивни на вирусот се хоспитализирани до сега.
Минатата недела, Холандија се придружи на неколку европски земји во најавата за ослободување на рестриктивните мерки.
Холандскиот премиер Март Рут го објави четиримесечниот план за олабавување на рестриктивните мерки за социјално дистанцирање, доколку вирусот остане под контрола.
Олабавувањето на мерките започна вчера и по фази ќе се проширува до септември.
Основните училишта, фризерските салони и библиотеки се отворени повторно, додека рестораните, кафулињата, кино салите и културните институции постепено ќе започнат со работа од 1 јуни. Ќе биде дозволен присуство на максимално 30 лица, заедно со персоналот, но само доколку посетителите одржуваат дистанца едни од друга на 1,5 метри.
Мерките постепено ќе се намалуваат во период од 15 јуни до 1 септмври.
Граѓаните се советуваат да одржуваат хигиена, да избегнуваат преполни места и да останат дома доколку се болни.