свет

Хеико Мас: „НАТО е жив и силен“

Германскиот министер за надворешни работи ги призна проблемите во рамките на 29-члената Алијанса, но тврди дека овие проблеми треба да се решат преку процес на преглед, а не со „токсични дебати“

Ayhan Şimşek  | 26.11.2019 - Обновена : 28.11.2019
Хеико Мас: „НАТО е жив и силен“

БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, денеска ја нагласи значајната улога на НАТО за европската безбедност и ги одби предлозите на Франција за развивање на алтернативна воена алијанса, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Фер е да се каже дека НАТО е жив“, изјави Мас на Берлинскиот форум за надворешна политика, додавајќи дека воената Алијанса е сè уште силна „од глава до пети“.

Тој ги даде неговите забелешки откако францускиот претседател Емануел Макрон изрази сомнеж за идната одржливост на НАТО, тврдејќи дека претходно овој месец Алијансата претрпела „мозочна смрт“.

Мас ги призна проблемите во рамките на 29-члената Алијанса, но тврди дека овие проблеми треба да се решат преку процес на преглед, а не со „токсични дебати“.

Тој потсети на неодамнешниот предлог на Германија да формира комисија на експерти на високо ниво за да може НАТО да биде помоќен да одговори на новите предизвици и да спречи поделби во рамките на Алијансата.

„Мора да развиеме нови концепти и политики за НАТО“, рече тој и повика на натамошни чекори за зајакнување на политичкото единство и координација меѓу сојузниците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.