Ruslan Rehimov
15 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
БАКУ (АА) - Заменик претседателот на Азербејџан, Али Хасанов, коментирајќи ја операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, изјави дека Турција го има секое право да спроведува таква акција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Борбата која таму се води против терористите ја сметаме за крајно легитимна. Мислиме дека Турција води битка против заканите кои го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и безбедност “, изјави Хасанов за време на состанокот со претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА, Шенол Казанџи и генералниот директор на Турската радио-телевизија Турција (ТРТ), Ибрахим Ерен.
Тој истакна дека Азербејџан силно ја поддржува политиката на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган како и операцијата на турските сили во Африн.
Тој додаде и дека не ја прифаќаат неодамнешната одлука на Парламентот на Холандија, кој тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарече геноцид.
Тој предупреди и дека на социјалните мрежи се води опасна пропаганда против Турција и Азербејџан.
„Против ваквите активности мораме заедно да се бориме. Морамо додатно да ја пробудиме соработката на нашите дијаспори. Дијаспорите на нашите две земји треба да соработуваат и да дејствуваат против активностите на ерменската страна“, изјави Хасанов.
Казанџи изјави дека Anadolu Аgency (AA) внимателно ги следи сите случувања во Азербејџан.
„Сите вести во врска со Азербејџан преку нашата новинска агенција ги објавуваме на 13 светски јазици“, изјави Казанџи.
Ерен истакна дека и ТРТ редовно известува за сите важни настани во Азербејџан.
Претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА, Шенол Казанџи и генералниот директор на ТРТ, Ибрахим Ерен се дел од делегацијата на премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, кој се наоѓа во посета на Азербејџан.