Hamdi Yıldız
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
ГАЗА
Потпретседателот на политичкото биро на Хамас, Муса Ебу Мерзук, истакна дека претпоставуваат оти за ден или два ќе се постигне примирје во Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ебу Мерзук во изјава за телевизискиот канал „Ел Мејадин“ (el-Meyadin) со седиште во Либан, нагласи дека очекуваат оти ќе има успех во напорите вложени за примирје.
„Претпоставувам дека за ден или два ќе се постигне примирје во Газа“, рече Ебу Мерзук.
Тој истакна дека Израел нема моќ да војува на повеќе фронтови, и затоа, нагласи тој, Тел Авив е мошне загрижен дека вратите на пеколот ќе се отворат кон него.
Ебу Мерзук потсети дека САД на почетокот не прифатиле ова прашање да се разговара во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
„Ставот на Вашингтон се смени откако палестинскиот отпор го погоди Тел Авив“, додаде Ебу Мерзук, потпретседател на политичкото биро на Хамас.