13 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
ПАРИЗ (АА) - Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив ле Дриан, изјави дека Европа ќе застане против напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја дестабилизира Европската Унија и да ја наруши меѓународната соработка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој, денес, за телевизијата BFM изјави дека Трамп не може да толерира тоа што постои целина која се вика Европска Унија.
„Но, Европа нема да дозволи да се дестабилизира“, нагласи Ле Дриан.
Францускиот шеф на дипломатијата изјави дека Трамп планира бурно патување низ Европа. Ле Дриан, исто така, смета дека Трамп само верува во конфликтните односи и го обвини дека се обидува да ги уништи мултилатералните напори за поттикнувањето трговија, борбата против климатските промени и за контролата на иранските нуклеарни активности.
Трамп оваа недела на Самитот на НАТО во Брисел ги вознемири европските сојузници и потоа ја обвини британската премиерка Тереза Меј дека е премногу мека во преговорите со ЕУ во врска со Брегзит.