Onur Usta
17 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Франција, Мануел Валс, предупреди дека Европа се наоѓа пред големи предизвици и закани на популизам, кој на политичката сцена го шират радикално десничарските партии и движења, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Валс им се обрати на учесниците на екононсмкиот самит кој денес во Берлин го организираше дневниот весник „Зидојче Цајтунг“, а во таа пригода говореше за популизмот, тероризмот и бегалската криза како најголеми предизвици со кои се соочува современа Европа.
„Неопходно е да се ревидира проектот на Европската Унија. Европа може да умре. Наша одговорност е да го послушаме гневот на народот”, изјави Валс.
Осврнувајќи се на растот на популарноста на радикално-десничарските политички опции во Европа, шефот на француската влада Валс изјави дека сите анкети предвидуваат оти Марин ле Пен би можела да влезе во вториот круг на претседателските избори, кои во таа земја ќе се одржат наредната година.
Тој додаде дека тоа би довело до темелни промени во рамнотежата на силите на политичката сцена на земјата.
„Заканата за можниот изборен успех Ле Пен не може да ја поврзува или споредува со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Секако дека ни јас не се мешам во тие два случаи. Трамп беше кандидат на една политичка партија кој се обраќаше на широката маса. Меѓутоа неговата реторика и предизборни ветувања будат загриженост”, заклучи Валс.