Aysu Biçer
05 Март 2026•Ажурирај: 05 Март 2026
ЛОНДОН (АА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро вчера повика на деескалација на Блискиот Исток за време на телефонскиот разговор со неговиот ирански колега Абас Арагчи, јавува Анадолу.
„Министерот ги осуди иранските напади, ја повтори посветеноста на Франција на стабилноста на Блискиот Исток, на деескалацијата и на продолжувањето на потребниот дипломатски дијалог, во согласност со меѓународното право кое мора да ја регулира употребата на сила“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
Франција, исто така, изрази загриженост во врска со нејзините граѓани кои се притворени во Иран.
Жан-Ноел Баро ја изрази „постојаната загриженост“ на Франција за „државјаните притворени во Иран“ и повика на нивно „итно и безусловно ослободување“.
Израел и САД продолжуваат со нападите врз Иран започнати во саботата, при што се убиени најмалку 926 лица, меѓу кои и Хаменеи и високи воени официјални претставници.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон земјите од Заливот каде што се наоѓаат американски воени бази.