Esra Taşkın
05 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Полицијата во Франција приведе момче, неонацист, осомничено за подготовка на напад во градот Ардеш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија националните медиуми, Француската разузнавачка единица (DGSI) открила пораки кои содржат расистички изјави од обожавател на Адолф Хитлер по име „HeinrichHimmler88“ на социјалните мрежи и апликациите за криптопораки.
Припадниците на безбедносните сили приведоа 20-годишно момче и притоа во просториите во кои се наоѓало запленети се видеоснимки на кои момчето упатува закани кон Евреите, лицата со темна кожа, жените и припадниците на ЛГБТ.
Во вестите се наведува дека момчето било во потрага по оружје за изведување напад.
На барање на Обвинителството, започната е истрага против ова лице под обвинение „обид за извршување терористички акт“.