Alaattin Doğru
13 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин соопшти дека во земјата се затворени 21 џамија „кои покажувале екстремистички знаци“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дарманин како гостин на францускиот телевизиски канал „LCI“ истакна дека неодамна извршиле инспекции во 99 џамии поради сомневање за екстремизам.
Наведувајќи дека 21 џамија се затворени, а процесот на затворање на 6 од нив продолжува, Дарманин нагласи дека овие чекори се преземени врз основа на „сепаратистичкиот“ закон.
- Дарманин се пофали дека се затворени голем број на џамии
Дарманин критикувајќи ги републиканците и десничарските екстремисти дека не гласале за сепаратистичкиот закон, се пофали дека благодарение на законот за прв пат во француската историја се затворени толку голем број на џамии.
Наведувајќи дека не се затворени 36 џамии кои не се во спротивност со законите на Републиката, Дарманин рече дека некои од нив престанале да добиваат надворешно финансирање, а една џамија го разрешила својот имам кој е обвинет за екстремизам.
Дарманин додаде дека инспекциите во џамиите ќе продолжат.
Во земјата каде се приближуваат претседателските избори обраќајќи им се на муслиманите, Дарманин истакна дека во земјата има малку места за богослужба кои се поврзани со екстремизмот и дека тие генерално немаат проблем со муслиманите во Франција.
- Во Франција критики до власта за односот кон муслиманите
Нацрт-законот, кој беше најавен од претседателот Емануел Макрон како „сепаратистичкиот“ закон на 2 октомври 2020 година и го промени своето име во „Принципи кои го зајакнуваат почитувањето на законите на Републиката“ во Франција, беше усвоен во август.
Нацрт-законот беше критикуван од меѓународната заедница, невладините организации и организациите за човекови права, особено Обединетите нации, со образложение дека ги таргетира и маргинализира муслиманите.