свет

Франција ги повлекува амбасадорите од САД и Австралија на консултации

Со воведувањето на договорот АУКУС, Австралија објави дека ја прекинала Програмата за офанзивни подморници, што ја спроведува со Франција од 2015 година

Alaattin Doğru  | 18.09.2021 - Обновена : 19.09.2021
Франција ги повлекува амбасадорите од САД и Австралија на консултации

ПАРИЗ (АА) - Франција ги отповика своите амбасадори во Вашингтон и Канбера по откажувањето на Програмата за изградба на подморници, што Австралија потоа ја потпиша со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од француското Министерство за надворешни работи се наведува дека по инструкции на претседателот Емануел Макрон, одлучиле итно да ги отповикаат француските амбасадори во Вашингтон и Канбера заради консултации.

Се истакнува дека оваа одлука е донесена поради сериозноста на изјавите дадени од Австралија и САД на 15 септември.

Американскиот претседател Џо Бајден на 16 септември на прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон и со австралискиот премиер Скот Морисон објави дека е воспоставена нова безбедносна соработка наречена АУКУС, и дека во тој контекст САД и Велика Британија ќе ја споделат со Австралија технологијата за изградба на подморници на нуклеарен погон.

Со воведувањето на договорот АУКУС, Австралија објави дека ја прекинала Програмата за офанзивни подморници, што ја спроведува со Франција од 2015 година.

Реагирајќи на оваа ситуација, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан и министерката за одбрана Флоренс Парли изјавија дека одлуката на Владата на Австралија да ја прекине Програмата за подморници со Франција и да се согласи на изградба нуклеарни подморници со САД е спротивна на духот на соработката.​​​​​​​


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın