Yusuf Özcan
11 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ПАРИЗ (AA) - Фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) Дурсун Ајдемир повреден е денес во текот на следење на масовните протести кои во Париз се одржуваат поради најавените реформи на пензискиот систем во Франција.
Ајдемир одблизу ги следеше случувањата околу железничката станица Лион во Париз, а во текот на протестите полицијата интервенираше користејќи солзавец
Додека го следеше настанот погоден е во левата нога со капсула од солзавец која ја испали полицијата. Прва помош укажана му е на местото на несреќата, а тоа го направија дежурните лекарски екипи.
Во Париз, како и во борјни други француски градови граѓаните и денес излегоа на улиците за да искажат незадоволство поради планот на францускиот претседател Емануел Макрон да го измени пензискиот систем во земјата.
Потсетуваме и дека фоторепортерот на АА Мустафа Јалчин е повреден во текот на судирот на полицијата и демонстрантите во Париз на 5 декември.
Јалчин исто така е погоден од капсула од солзавец која ја испали полицијата, но погоден е во око. Капсулата ја проби маската на лицето и постои ризик Јалчин да остане без око.