Фосил на нов вид диносаурус откриен во Велика Британија
Новокласифицираниот игуанодонтиден диносаурус, наречен Istiorachis macaruthurae, живеел пред околу 125 милиони години, во раниот период креда

Istanbul
Научниците во Велика Британија идентификуваа нов вид диносаурус кој имал впечатлива структура налик на едро по должината на грбот и опашката, за која се верува дека служела за привлекување партнери, објави ирската телевизија РТЕ денес, јавува Анадолу.
Новокласифицираниот игуанодонтиден диносаурус, наречен Istiorachis macaruthurae, живеел пред околу 125 милиони години, во раниот период креда.
Фосилите биле пронајдени на островот Вајт, јужно од англиското крајбрежје, и анализирани од докторот и докторанд Џереми Локвуд во соработка со Универзитетот во Портсмут и Природонаучниот музеј.
Видот е именуван во чест на британската морепловка Елен Мекартур, родум од островот, која во 2005 година постави светски рекорд за најбрзо соло непрекинато обиколување на светот со јахта.
Името на видот значи „едро’рбет“ во комбинација со нејзиното презиме.
Локвуд објасни дека необичната форма на фосилните коски го издвојува овој диносаурус од претходно познатите видови од истата група.
„Се мислеше дека е само уште еден примерок од постоечки вид, но овој имаше особено долги нервни боцки, што беше многу необично“, рече тој.
Истражувањето, објавено во списанието „Papers in Palaeontology“, сугерира дека истиорахис имал сложена структура во форма на едро по должината на грбот.
Според Локвуд, најверојатното објаснување е дека карактеристиката служела како визуелна сигнализација, потенцијално за сексуална селекција.
„Еволуцијата понекогаш изгледа дека повеќе ја фаворизира екстраваганцијата отколку практичноста.“
Современите влекачи исто така покажуваат слични структури, кои најчесто се појавуваат кај мажјаците, што укажува дека се развиле за импресионирање на партнерите или застрашување на ривалите.
Наодите се базираат на споредби со база на податоци за слични фосилизирани коски од други диносауруси.
Научниците заклучиле дека боцките на Istiorachis биле не само високи, туку и значително понагласени од типичните кај неговото семејство – што ја засилува тезата дека структурата се развила преку сексуална селекција.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.