свет

Форум за нула отпад се одржува во Истанбул

- На форумот во Истанбул се организираат панелите кои се фокусираат на отпадот од храна, иднината на модата и паметни решенија за отпад

Elif Nur Eryiğit  | 18.10.2025 - Обновена : 18.10.2025
Форум за нула отпад се одржува во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес е втор ден од Форумот за нула отпад во Истанбул, кој ги собра глобалните експерти и иноватори на дебати за отпадот од храна, циркуларната (брза) мода и употребата на вештачка интелигенција во одржливото управување со отпад, известува Анадолу.

Денес се одржа тркалезна маса на министерско ниво за нула отпад, на која воведно излагање имаше првата дама на Турција, Емине Ердоган, претседателка на Советодавниот одбор на високо ниво на Обединетите нации за нула отпад.

На тркалезната маса учествува и Хозе Мануел Молер, потпретседател на советот.

Копретседателка на состанокот е Анаклаудија Росбах, извршен директор на Програмата на Обединетите Нации за човечки населби (ОН-Хабитат).

Првиот ден, Росбах го објави отворањето на канцеларијата на ОН-Хабитат во Истанбул, велејќи дека организацијата ќе продолжи да се фокусира на решенија за нула отпад и да ја зајакне својата работа кој се однесува на циркуларната економија.

Форумот, кој треба да заврши во недела, ги собра лидерите, експертите и академиците од целиот свет, заедно со 118 меѓународни партнерски организации, вклучувајќи ги ОН, ОН-Хабитат, Програмата за животна средина на ОН и Програмата за развој на ОН.

Настанот е организиран од Фондацијата „Нула отпад“, започнат под покровителство на Емине Ердоган, во партнерство со Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени и Министерството за земјоделство и шумарство на Турција.


- Објава на Емине Ердоган

Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Емине Ердоган наведе дека се сретнала со министри за животна средина и претставници на министерства од 63 земји во рамките на Меѓународниот форум за нула отпад, и додаде:

„Во согласност со Целите за одржлив развој до 2030 година, ја нагласивме важноста на здружување на силите во согласност со нашиот идеал за „свет во којшто никој не е запоставен“. Клучот за постигнување на овој идеал зависи од тоа сите земји да преземат одговорност. Како Турција, им придаваме големо значење на меѓународната соработка и воспоставувањето заеднички цели за решавање на климатските и еколошките проблеми. Затоа, се надевам дека овој состанок ќе биде основа за стратешки партнерства засновани на фер распределба на одговорностите и посакувам да биде од корист.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.