Beyza Binnur Dönmez
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Фејсбук и Инстаграм на неодредено време го продолжија блокирањето на профилот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп додека не биде завршена транзицијата на власта, рече Марк Закерберг, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Шокантните случувања во последните 24 часа јасно покажуват дека претседателот Доналд Трамп има намера да го користи своето преостанато време во кабинетот за поткопување на мирната и законската транзиција на власта на наследникот Џо Бајден. Неговата одлука да ја користи оваа платформа за одобрување, наместо за осудување на однесување на неговите приврзници во зградата Капитол, со причина ги вознемири луѓето во САД и ширум светот", напиша Закербрег во објава на Фејсбук.
Наведувајќи дека ако компанијта ги отстранила изјавите на Трамп во средата, плашејќи се дека „би можеле да предизвикаат додатно насилство", Закерберг рече дека по потврдата на изборните резултати од страна на Конгресот, приоритет за земјата треба да биде сигурноста наредните 13 дена и деновите по инаугурацијата да поминат мирно.
„Веруваме дека едноставно е преголем ризикот да му се дозволи на претседтелот да ги користи нашите услуги во овој период. Поради тоа, ја поддржуваме блокадата која ја ставивме на неговите профили на Фејсбук и Инстаграм на неодредено време и на најмалку две седмци додека не биде завршена мирна транзиција на власта", напиша Закерберг.
Приврзаниците на Трамп протестирајќи против потврдувањето на победата на Бајден на претседателските избори, вчера (среда) се судија со полицијата, упаднаа во зградата на Капитол и дојдоа до Сенатот.
Трамп и неговите политички сојузници неколку месеци тврдат дека изборите се наместени и дека не се ништо друго освен измама.