свет

УНРВА: Над 32.000 Палестинци раселени поради израелскиот напад врз северниот дел на Западниот Брег

Израелската армија започна голема воена офанзива во бегалскиот камп Џенин на 21 јануари, која подоцна се прошири на камповите Тулкарем и Нур Шамс и други области во северниот дел на Западниот Брег

Betül Yılmaz  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
УНРВА: Над 32.000 Палестинци раселени поради израелскиот напад врз северниот дел на Западниот Брег

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 32.000 Палестинци се раселени поради тековната израелска офанзива во бегалските кампови во северниот дел на Западниот Брег, соопшти денес Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу.

Израелската армија започна голема воена офанзива во бегалскиот камп Џенин на 21 јануари, која подоцна се прошири на камповите Тулкарем и Нур Шамс и други области во северниот дел на Западниот Брег.

Ролан Фридрих, директор на УНРВА за Западниот Брег, рече дека израелскиот напад ги испразнил бегалските кампови Џенин, Тулкарем и Нур Шамс, при што се раселени околу 32.000 жители.

„И дури и во овие градови-духови што некогаш беа вибрантни кампови, израелските сили сè уште ја гледаат потребата да наредат уривање заради таканаречени воени цели“, додаде Фридрих во соопштението.

Тој истакна дека израелските власти издале две наредби за масовно уривање на над 190 објекти во бегалскиот камп Џенин, а уште 12 објекти ќе бидат урнати наредните денови, што претставува „најнова епизода во континуираните напори за реконструирање на топографијата на бегалските кампови во северниот дел на Западниот Брег“.

Претставникот на УНРВА рече дека систематското уништување од страна на Израел ги крши основните принципи на меѓународното право и ја проширува контролата на армијата врз бегалските кампови на долг рок.

Фридрих повика на обнова на бегалските кампови и враќање на раселените жители.

„Тие не смее да бидат заробени во состојба на бескрајно раселување“, додаде тој.

Вчера израелската армија започна уште една воена кампања во губернијата Тубас во северниот дел на Западниот Брег, приведувајќи над 60 Палестинци и повредувајќи уште 10.

Заедно со двегодишната војна во Газа, каде што се убиени речиси 70.000 Палестинците, во нападите на армијата и на илегалните доселеници на Западниот Брег убиени се најмалку 1.083 Палестинци и повредени се околу 11.000, а повеќе од 20.500 се приведени, според официјалните палестински податоци.

Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинските територии за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın