Alma Dekovic
25 Август 2024•Ажурирај: 03 Септември 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот секретар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, изјави дека децата во Газа се најпогодени од војната, пренесува Анадолу.
„Како еден од примерите, децата живеат сами во болниците. Според проценките на УНИЦЕФ, речиси 17.000 деца во Газа се без придружба или се одвоени од своите родители. Реалните бројки можат да бидат и поголеми“, истакна Лазарини.
Тој посочи дека војната и присилното раселување стојат на патот на повторното обединување на децата со своите семејства.