Nuri Aydın
22 Мај 2024•Ажурирај: 23 Мај 2024
ХЕЛСИНКИ (АА) - Универзитетот во Хелсинки, Финска, ги суспендира договорите за размена на студенти со универзитетите во Израел поради цивилните жртви и влошената хуманитарна ситуација во Газа, јавува Анадолу.
Одлуката на Универзитетот во Хелсинки следуваше по повеќе од еден месец протести на студентите кои бараа прекин на соработката со универзитетите во Израел.
Во соопштението на финскиот универзитет се напоменува дека договорите за размена на студенти со универзитетите во Израел се суспендирани поради цивилните жртви и влошената хуманитарна ситуација во Газа.
Во соопштението се додава дека ќе продолжи истражувачката соработка со универзитетите во Израел.
Се нагласува оти е прогласено дека универзитетот е одлучен да помогне во обновата на високообразовните установи и истражувачки центри во Газа.
Вилја Хермансон, една од организаторите на пропалестинскиот протест, за фински „УЛЕ“ изјави дека и универзитетите во Израел се партнери во геноцидот над Палестинците и побара Универзитетот во Хелсинки да ја запре и истражувачката соработка со универзитетите во Израел.
На 6 мај студентите во Финска протестираа пред зградата на ректоратот на Универзитетот во Хелсинки, барајќи универзитетот да ги раскине сите договори за размена на студенти и истражувачка соработка со израелските образовни институции.