Bedrudin Brljavac
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
КИЕВ (АА) - Жителите на Украина ја дочекаа Новата година во сенката на војната што сѐ уште трае во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Малубројните граѓани на Киев без преголема прослава се собраа на Киевскиот плоштад, пеејќи песни, и се прошетаа.
Присутните ја искористија можноста за да се фотографираат пред елката на плоштадот, каде што граѓаните ги анимираа група музичари.
Украина е во војна што ја започна Русија кон крајот на февруари минатата година.