Dmitri Chirciu
29 Април 2022•Ажурирај: 30 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинците се обидуваат да ги исчистат трагите од војната во Ирпин, северозападно од главниот град Киев, од каде што се повлекоа руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во разорениот Ирпин граѓаните прават напори да се вратат во нормален живот. По повеќе од два месеци, животот се враќа во градот.
Жителите се враќаат во Ирпин, кој се наоѓа на околу 25 километри од центарот на Киев, и ги реновираат своите домови оштетени во конфликтот.
Градот продолжува да ги чисти улиците и авенијата.
Захариј, еден од жителите, рече дека се обидува да ја поправи куќата за може да живее во неа.
„Има оштетени делови од куќата. Треба да го поправам и автомобилот“, рече Захариј.
Тој наведе дека од неговата куќа биле украдени многу работи.
„Она што се случи е ненормална работа. Штета за луѓето кои загинаа во нападите. Сè ќе се врати на старо“, рече Захариј.
Виктор е роден во Доњецк во регионот Донбас, Украина.
„Побегнавме од војната во Донбас. Никој и ништо повеќе не може да нѐ исплаши. Не знам дали ќе се користи нуклеарно оружје во иднина, нашиот народ повеќе не размислува за ова прашање. Веќе видовме доволно влијание од катастрофата во Чернобил. Ќе мораме сѐ да обновиме. Но сигурен сум дека го можеме тоа. Украина ќе се развива“, рече Виктор.
Анатолиј, друг жител на Украина, изјави дека пред војната тој и неговата сопруга се занимавале со столарија.
Објаснувајќи дека со неговото семејство за време на нападот се криеле во подрумот на куќата, Анатолиј нагласи дека не сакаат да ја напуштат земјата.
„Ова е наша земја. Повторно ќе започнеме бизнис кога војната ќе заврши. Сакаме повторно да се занимаваме со столарија. Тоа е сè што знаеме“, рече Анатолиј.