Davit Kachkachishvili
13 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
ХЕРСОН (АА) - Украинските цивили во Херсон ја изразуваат својата радост и задоволство поради ослободувањето на нивниот град од руската окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жителите во градовите и селата каде што поминаа украинските војници на пат кон Херсон, ги поздравија војниците и им даваа цвеќиња за да ја покажат нивната среќа и благодарност.
Меѓу нив беше и 66-годишната Наталија Порхун, која за Агенција Анадолија изјави дека по осум месеци, жителите повторно плачат, но овој пат од радост, а не од тага како кога градот бил под окупација на Русите.
„Среќни сме што ги пречекуваме нашите војници овде. Под руска окупација, ние дури и не можевме слободно да се движиме наоколу“, рече таа.
Валентија Богајева (61) рече дека луѓето се исклучително среќни поради враќањето на украинските војници во градот.
„Последниве два дена не се вративме дома, сакавме да ги пречекавме нашите војници. Ги прегрнувавме војниците и им дававме цвеќе“, рече таа.
Украинската војска во петокот почна да влегува во јужниот град Херсон по повлекувањето на руските сили од регионот.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски и лидерите на западните земји го поздравија успехот како голема украинска победа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така изјави дека руската одлука за повлекување е позитивна и важна.