Ekipa
04 Април 2025•Ажурирај: 04 Април 2025
НАДИЈА (АА) - Третата јуришна бригада на вооружените сили на Украина вчера објави ексклузивна видеоснимка што ги прикажува опсегот и интензитетот на 30-часовната борба, при што повторно е воспоставена контрола врз населеното место Надија во областа Луганск, јавува Анадолу
Видеото, снимено директно на фронтот, прикажува жестоки борбени сцени – од внатрешноста на јуришните возила, блиските вооружени судири на теренот, па сè до координираните операции во штабот на бригадата. Снимките сведочат за комплексноста и храброста на украинските сили во акцијата.
Како што беше соопштено од бригадата на 23 март, ослободувањето на Надија е предводено од Првиот јуришен баталјон, кој имал клучна улога во повторното воспоставување украинска контрола во ова стратегиски важно подрачје.
Руската инвазија во Украина започна на 24 февруари 2022 година кога Москва ја нарече акцијата „специјална воена операција“, тврдејќи дека цел е заштитата на руското население во Источна Украина. Но од почетокот на војната до денес украинските сили се борат за враќање на окупираните територии, од кои Надија претставува најнов пример за нивниот отпор и воена способност.