Talha Yavuz
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека од вкупно 105 илјади руски војници кои биле на нивните граници се повлечени само 11 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Според соопштението на Кабинетот на претседателот, Зеленски имал телефонски разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Зеленски и Трудо размениле мислења во врска со меѓународните прашања пред самитите на Г7 и НАТО.
Информирајќи го Трудо за ситуацијата во Донбас, Зеленски потенцираше дека сè уште бројот на повлечени руски војници од украинските граници е недоволен.
„Од 105 илјади руски војници се повлекоа само 11 илјади“, рече Зеленски.
Тој ја нагласи важноста од примена на меѓународен притисок врз Русија за мирно решение.
Трудо во разговорот исто така ја потврди својата решителна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.