Burç Eruygur
22 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ненадејно го посети Бахмут, индустрискиот украински град што со месеци беше епицентар на борбите, пренесува Анадолу.
„Чест ми е што денес сум овде за да ги наградиме нашите херои. Да се ракуваме и да им се заблагодариме што го штитат суверенитетот на нашата земја“, рече Зеленски на Телеграм.
Тој сподели и видео од својата посета на украинските позиции, на кое е прикажан како им се обраќа на војниците и доделува медали.
„Слава на секој што сега се бори за Украина! Нека е благословен споменот на сите што ги жртвуваа своите животи за нашата независност“, додаде украинскиот лидер.
Бахмут е голем транспортен и логистички центар во Доњецк во Украина, дел од индустријализираниот регион Донбас, каде што главно се зборува руски јазик.
Евгениј Пригожин, шеф на паравоената група „Вагнер“ вклучена во „специјалната воена операција“ на Русија, на почетокот на овој месец тврдеше дека градот бил речиси опколен.