свет

Украинскиот премиер поднесе оставка, се очекува да стане министер за одбрана

Шмихал соопшти дека поднел официјално барање за оставка до Врховната Рада на Украина и изрази благодарност до претседателот Владимир Зеленски за укажаната доверба

Elena Teslova  | 15.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
Украинскиот премиер поднесе оставка, се очекува да стане министер за одбрана

МОСКВА (АА) - Украинскиот премиер Денис Шмихал денес поднесе оставка, откако во јавноста се појавија наводи за негова можна замена, јавува Анадолу.

Шмихал објави фотографија од писмото за оставка на својот канал на Телеграм, придружено со пораката: „Благодарам на целиот тим за неуморната работа за нашата држава!“

Тој соопшти дека поднел официјално барање за оставка до Врховната Рада на Украина и изрази благодарност до претседателот Владимир Зеленски за укажаната доверба.

Според медиумските извештаи, Шмихал е назначен да ја преземе функцијата министер за одбрана, додека актуелниот министер Рустем Умеров треба да биде именуван за амбасадор на Украина во САД.

На 14 јули, Зеленски се сретна со првата вицепремиерка Јулија Свириденко и предложи таа да го предводи новиот владин состав, што го означи како почеток на трансформација на извршната власт во земјата, со цел зајакнување на капацитетите на Киев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.