АЈДИН (АА) - ФАТИХ ЕРЕЛ -
Украинскиот велосипедист Виталиј Буц, кој го освои белиот дрес на првата етапа на 57-та Претседателска трка „Tour of Türkiye“ , ја повика меѓународната заедница што поскоро да ја прекине војната.
Украинскиот велосипедист од тимот на Општина Сакарија, кој се натпреваруваше со знамето на Украина, земјата што е под руски напади, по завршувањето на првата етапа од трката што траеше 207,6 километри даде интервју за Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за освојувањето на белата маичка, Буц рече: „Пред почеток на првата фаза имав план да освојам дрес. Нашата работа беше тешка, но го освоивме белиот дрес, ја следевме тактиката на нашиот тренер. Ќе продолжиме да ја следиме и во следните трки.“
За другите етапи од трката, Буц нагласи: „Оваа година етапите се тешки. На трката учествуваа добри тимови. Сакаме да го претставиме турскиот тим на најдобар можен начин. Сакаме да освоиме повеќе дресови.“
Осврнувајќи се на поддршката на Турција за Украина, Буц рече: „Ѝ благодарам на Турција. Турција нè поддржува. Таа го прифаќа нашиот народ. Сакаме мир во светот.“
- „Кога ќе заврши војната, сакам да одам во Украина и да се видам со мајка ми и татко ми“ -
Изјавувајќи дека се натпреварува за својата земја и дека сака да се врати во својата земја кога ќе заврши војната, Буц рече дека е многу вознемирен поради ситуацијата во Украина и дека неговите родители сè уште таму: „Моите родители не сакаа да ја напуштат Украина бидејќи се стари.“
Рече дека учествува во трката за да се слушне во светот за ситуацијата во Украина.
Повикувајќи војната да заврши што е можно поскоро, Буц додаде: „Ќе останам во Турција додека не заврши војната. Се надевам дека војната ќе заврши што е можно поскоро. Кога ќе заврши, сакам да одам во Украина и да се видам со мајка ми и татко ми. Секој ден читам вести за мојата земја. Ситуацијата е многу лоша.“

Во однос на тоа дека на церемонијата за доделување на наградите од првата етапа се појави со знамето на Украина, која е под руски напад, Буц рече: „Горд сум што го носам моето знаме на подиумот и ми доаѓаат солзи. И сега се чувствувам исто, ми навираат солзи.“
- Од засолниште до подиум -
Буц, кој од засолништето во својата земја се качи на подиумот во Турција, за време на интервјуто беше емотивен и не можеше да ги контролира солзите:
„Кога почна војната, се разбудивме во 4 часот наутро. Се разбудивме од звукот на бомбите во градот Николаев. Отидовме во побезбедно село на 100 километри од домот со мојата сопруга и децата. Со себе не понесовме ништо. Влегувавме во бункерот кога се огласија сирените. Бидејќи сум спортист кој настапува за турски тим чекав една недела за посебна дозвола. Потоа можевме да дојдеме во Турција заедно со моето семејство.“
- „Луѓето умираат, а целиот свет гледа“ -
Повикувајќи ја меѓународната заедница да стави крај на војната што е можно поскоро, Буц рече: „Некои од градовите во Украина се уништени. Луѓето умираат, целиот свет гледа. Има војна во Украина, која се наоѓа во Европа. Русија нè нападна нас и Русија е виновникот.“
Со добар резултат во трката, како што рече, сака да им обезбеди на своите родители и на украинскиот народ и војската барем малку добри вести, додаде украинскиот спортист.
news_share_descriptionsubscription_contact
