Talha Yavuz
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
КИЕВ (АА) - Во подрачјето на Донбас кое се наоѓа во источниот дел на Украина загина еден украински војник како резултат на отворениот оган од страна на проруските сепаратисти, додека повредени се двајца војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Вооружените сили на Украина се наведува дека сепаратистите вчера трипати го прекршиле примирјето.
Според соопштението, еден украински војник загина како резултат на отворањето оган од страна на сепаратистите во Новомихајливка и Пирицепиливка кои се наоѓаат во Донбас.
Се истакнува дека во овој напад се повредени двајца војници.
Се вели дека претставниците на ОБСЕ се информирани за случајот.
Инаку, над 13.000 лица загинаа во судирите кои продолжуваат од 2014 година до денес, помеѓу сепаратистите и администрацијата на Киев.