Ekipa
01 Мај 2022•Ажурирај: 02 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Анестезиологот Људмила Родјук, вработена во болницата во украинското село Макарив, која ги носи лузните од војната меѓу Русија и Украина, рече дека за време на руските напади биле на должност и се обиделе да спасат што е можно повеќе животи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Селото Макарив во Киевската Област го опколи и го нападна руската Војска во првите денови од војната поради неговата положба.
Со блокирање на патиштата кон Макарив, што се наоѓа на околу 55 километри од центарот на Киев, главниот град на Украина, оневозможен е транспортот на ранетите војници и цивили до регионалната болница во ова село. Нападнати се и убиени оние што се обидоа да дојдат до болницата.

Докторката Људмила Родјук за АА го раскажа она што го што доживеала за време на нападите. Наведе дека биле изложени на воздушни и копнени напади.
Родјук нагласи дека преживеале страшни моменти.
„Не ја напуштивме болницата за време на нападите. Моравме да им помогнеме на граѓаните. Ја исполнивме својата должност. Ги лекувавме ранетите војници и цивили. Некои од нив успеавме да спасиме, а некои починаа на операционата маса“, рече Родјук.

Како што раскажа, кога се огласувале сирените, тие оделе во засолниште. Како што рече, поради положбата, селото било опколено од руски војници и постојано било бомбардирано.
„Луѓето од другите населени места не можеа да дојдат до болница. Пукано е и врз оние што се обидуваа да стигнат до болницата. Еден постар пар е убиен на патот кон болницата. Нивните тела беа пред болницата, а ние ги закопавме овде“, додаде Родјук.