Oktaj Omeragikj
06 Мај 2025•Ажурирај: 07 Мај 2025
ХАРКОВ (АА) – Во нападот со беспилотно летало што Русија го изврши врз градот Харков во Украина повредени се четворица цивили, известува Анадолу.
На снимката се гледаат противпожарни екипи како интервенираат во пожарот и чадот што се издигнува од местото на нападот.
Во нападот се оштетени неколку згради и возила.
Во истрагата што ја започна Обвинителството на Харков нападот е регистриран како воено злосторство.