Ruslan Rehimov
21 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на украинската Војска соопшти дека од почетокот на војната во таа земја се убиени околу 15.000 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Русија на 24 февруари започна напад на Украина, а во соопштението на Генералштабот на украинската Војска се наведува дека украинските сили ѝ нанеле големи штети на руската Војска.
Во соопштението се наведува дека украинските сили убиле речиси 15.000 руски војници и уништиле 97 руски воени авиони, 121 хеликоптер, 498 тенкови, 1.535 оклопни возила, 240 тенкови, 80 ракетни системи и 45 противвоздушни системи.
Од Киев исто така тврдат дека руската Војска во Украина изгубила 969 возила, три чамци, 60 цистерни и 24 беспилотни летала.