Davit Kachkachishvili
16 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
КИЕВ (АА) – Украинските власти денес соопштија дека 10 цивили ги загубиле животите, додека 14 лица се повредени во вчерашните руски напади врз различни региони на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, преку Телеграм соопшти дека во нападите на регионите Днепар, Харков, Запорожје, Доњецк и Херсон има жртви.
Според украинскиот Генералштаб, Русија загубила 65.000 војници, 2.529 тенкови и 5.193 оклопни возила откако Москва ја започна војната со Киев на 24 февруари.
На 21 септември, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека во војната животот го загубиле 5.937 руски војници.