Ruslan Rehimov
08 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Сергеј Гајдеј, гувернерот на украинската област Луганск, соопшти дека руските сили во воздушен напад уништиле училиште во селото Билхоривка и дека се стравува дека животот под урнатините на објектот го загубиле сите 60 лица што останале во засолништето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот Гајдеј на социјалната мрежа Телеграм објави дека нападот се случил вчера, информирајќи дека во срушената училишна зграда избувнал пожар кој е изгасен по четиричасовна акција на пожарникарите.
„Од урнатините се извлечени 30 лица, од кои седуммина се повредени. Се ставува дека загинале сите 60 лица кои останаа под срушеното училиште“, наведе Гајдеј.
Тој рече и дека руските сили извршиле воздушен напад и дека срушиле и двокатна станбена зграда во селото Шипилово, а дека под урнатините останале најмалку 11 лица.