Ahmet Gençtürk
25 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ На вториот ден од руската интервенција во Украина, се слушнаа пукотници во владиниот кварт на главниот град Киев, соопшти Украинската армија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Руски диверзантски групи се забележани на околу 7,5 километри (4,7 милји) од центарот на Киев“, додаде Армијата.
Исто така, официјалната новинска агенција на Украина „Укринформ“ објави дека градот Иванкив, околу 82 километри (51 милји) северозападно од главниот град, се соочува со голема опасност од руските сили.
„Вооружените судири се интензивираа и во градовите Гостомел, Ворзел и Буча“, се додава.
По повеќемесечното распоредување војници и опрема околу границите на соседна Украина, рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот најави воена интервенција во Украина.
Нападот наиде на меѓународна осуда и најави за нови санкции од страна на западните земји.