Ruslan Rehimov
08 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украина соопшти дека во досегашните руски напади на Украина загинале околу 19.000 руски војници, а уништени се 150 авиони, 135 хеликоптери и 700 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави извештај за загубите на руската војска во периодот од 24 февруари до 8 април.
Според извештајот, во досегашните судири загинале околу 19.000 руски војници, а уништени се 150 авиони, 135 хеликоптери, 700 тенка, 1.891 оклопно возило, 333 топа, 108 системи за лансирање ракети и 55 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Меѓу другото, во извештајот се наведува дека руските сили загубиле и 1.361 возило, 7 брода и лесни глисери, 76 цистерни за гориво и 112 дрона.