Ruslan Rehimov
28 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
КИЕВ (АА) – Украина тврди дека Руската војска досега загубила 17.000 војници, 123 авиони, 127 хеликоптери и 586 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави соопштение за загубите на Руската војска во периодот од 24 февруари до 28 март.
Во соопштението се наведува дека во овие рамки загинале 17.000 руски војници, а уништени се 123 авиони, 127 хеликоптери, 586 тенка, 1.694 оклопни возила, 302 топа, 95 системи за лансирање ракети и 54 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Покрај тоа, руските сили загубиле и 1.150 возила, 7 брода и лесни глисери, 73 возила за гориво и 66 беспилотни летала.