Dmitri Chirciu
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Олександар Мотузјаник, истакна дека руската Армија извршила 48 воздушни напади во регионите Харков и Доњецк во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мотузјаник на прес-конференција одржана во главниот град Киев сподели информација за војната меѓу Украина и Русија, што трае повеќе од 2 месеци.
Тој нагласи дека руската Армија продолжува со нападите против неговата земја.
„Се забележува концентрација на руските војници во правците Доњецк и Слобојанск. Во последните 24 часа се извршени 48 авионски напади против елементите во регионите Харков и Доњецк. Покрај тоа, беа извршени 5 воздушни напади врз елементите во регионите на Миколајив и Одеса“, рече Мотузјаник.

Според него, Русија се заканува дека ќе користи ракети со висока прецизност од Црното Море против воени и цивилни елементи во Украина.
Мотузјаник истакна дека руските воени сили продолжуваат да ја напаѓаат цивилната инфраструктура и областите населени со цивили во Украина.
„Руската администрација презема чекори за интегрирање на окупираните земји во Русија. Русија ја продолжува операцијата за напредување на истокот на Украина. Нејзините цели се да стекне целосна контрола врз регионите Доњецк, Луганск и Керсон, како и да обезбеди копнен коридор од Крим, кој привремено го окупираше“, додаде тој.